Станојковиќ го објави списокот на фудбалери за квалификацискиот турнир во Скопје

Од:

Вујадин Станојковиќ, селекторот на македонската репрезентација за фудбалери до 19 години, за натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во УЕФА Елитна рунда за Европско првенство, повика 22 играчи.

На списокот на Станојковиќ се наоѓаат:

Голмани: Христијан Стевковски (Скопје), Благојче Иванов (Силекс) и Методија Велоковски (Вардар);

Одбрана: Агрон Руфати (Локомотива Загреб, Хрватска), Антонио Митрев (Балзан, Малта), Филип Антовски (Вардар), Тодор Тодоровски (Вардар), Филип Трајановски (Хакен, Шведска), Кирил Ристовски (Борец), Оливер Стоименовски (Карабах, Азербејџан);

Среден ред: Марко Ферукоски (Офенбах, Германија), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија), Јани Атанасов (Академија ПАНДЕВ), Енис Фазлагиќ (Шкендија), Стефан Богдановски (Спартак Трнава, Словачка), Дарко Чурлинов (Келн, Германија), Елиф Елмас (Фенербахче, Турција), Миле Тодоров (Работнички), Филип Стојчевски (Вардар);

Напад: Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Бојан Миовски (Карабах, Азербејџан), Бојан Колевски (Вардар).

Македонија е во група со Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. Натпреварите ќе се играат во периодот од 8 – 14 ноември во Скопје.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска