Мицкоски се повлече од советничкото место во Град Скопје

Од:

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека се повлекува од советничкото место во Град Скопје.

„Почитувани браќа и сестри дозволете ми да Ве информирам дека денес се повлекувам од местото советник во градот Скопје. Ми беше чест и задоволство што ја предводев градската листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ‘За подобра Македонија’. Сакам да Ви се заблагодарам Вам драги мои сограѓани што го дадовте гласот за листата која ја предводев на последните локални избори“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Тој пишува дека неговата борба против актуелната власт продолжува во партијата како генерален секретар.

Мицкоски во објавата на Фејсбук уште пишува дека локалните избори биле најлошо организирани избори во Македонија.

„Почитувани сограѓани, браќа и сестри, сведоци бевме на најлошо организираните избори во демократска Македонија од осамостојувањето до денес. Притисоци, уцени, закани, поткуп, насилство, злоупотреба на државни ресурси за партиски цели и што ли уште не…, за жал не се свесни дека оваа рана што ќе ја остават позади себе многу тешко ќе зарасне ќе помине…, но борбата против овој ужас ќе, и мора да продолжи, тоа и го должиме на татковината. Со почит…

ПС: Најпрвин ќе те игнорираат, па ќе те исмејуваат, потоа ќе се борат против тебе, но ти на крајот ќе победиш”, пишува Мицкоски.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство