Фудбалската федерација на Србија вчера официјално објави дека Славољуб Муслин повеќе не е тренер на националниот тим на оваа земја. Иако Муслин успеа да ја однесе Србија на Светското првенство 2018, тоа не беше доволно за да ја задржи својата работа. Српските медиуми почнаа со објавување на кандидати за негов наследник, а најзвучно име е Карло Анчелоти.
Се шпекулира дека до познатиот италијански фудбалски експерт во скоро време ќе биде испратена понуд а за соработка.
Анчелоти неодамна беше разрешен во Баерн и објави дека не сака да размислува за работата до следното лето.
До назначувања на нов селектор, српската репрезентација на следните пријателски натпревари ќе ја предводи Младен Крстајиќ.