Тече рокот за приговори за вториот круг од изборите

Од:

Партиите уште денеска можат да поднесат приговори до Државната изборна комисија (ДИК) за вториот круг од локланите избори. На веб – страницата на Комисијата до утрово нема внесено приговори за вториот круг од изборите за градоначалници иако некои кандидати веќе најавија.

ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Рокот од 24 часа за поднесување приговори за повреда на личното избирачко право истече. На денот на изборите поднесени се четири приговори од граѓани кои не биле запишани во Избирачкиот список, но Комисијата ги одбила зашто граѓаните извадиле лични документи по завршувањето на јавниот увид.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори