Жени ќе раководат со шест општини

Од:

Жени ќе раководат со шест од 80 општини во Македонија во кои се избираа градоначалници на локалните избори.

Во првиот круг од локалните избори, кој се одржа на 15 октомври, функцијата градоначалник за општините Битола и Арачиново ја добија Наташа Петровска и Меликие Халими од СДСМ.

По вториот круг кој се одржа вчера, листата со градоначалници во Македонија се збогати со уште четири жени.

Во Македонска Каменица победи Соња Станменкова, во Старо Нагоричане Жаклина Јовановска, во Могила Јасмина Гулевска, сите од СДСМ, а во Тетово повторно е избрана Теута Арифи од ДУИ.

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска по професија е професорка во Техничкото училиште и координатор на советничката група во Советот на Општината.

Меликие Халими од СДСМ стана првата жена, која е избрана за градоначалник на Арачиново.

Македонска Каменица ќе ја води Соња Стаменкова, која по професија е дипломиран психолог и психотерапевт, додека на градоначалничката фотења во општина Старо Нагоричане ќе седне Жаклина Јовановска, која доаѓа оа ЈП Чистота и Зеленило во Куманово.

Во Могила во вториот круг победи Јасмина Гулевска од СДСМ, а Теута Арифи од ДУИ е старо-нов градоначалник во Тетово.

Би можело да ве интересира

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он

Арсовска од Ѓорче: Спортски комплекс, уредување на Лепенец, енергетска транзиција, расчистување со депониите за 82 дена

А1он