Вредноста на биткоинот во следните десет години ќе се зголеми на 50.000 долари, тврди аналитичарот Рони Моан.
Тој истакна дека за пет години неговата пазарна вредност ќе ја надмине пазарната капитализација на „Епл“.
– Луѓето мора да почнат сериозно да ги сфаќаат работите, бидејќи биткоинот го стигна „Голдман Сакс“, а за пет години ќе го достигне и „Епл“, чија пазарна капитализација надминува 800 милијарди долари, изјави Моан од компанијата „Стендпоинт рисрч“.
Актуелната пазарна вредност на биткоинот е над 95 милијарди долари, според податоците на CoinMarketCap.com, пазарната вредност на американската банка „Голдман Сакс“ е 93,51 милијарда долари, а на „Епл“ се движи околу 807,89 милијарди долари.
Иако постои скептицизам во врска со биткоинот, во вторникот со криптовалутата се тргувало по цена од 5.700 долари.
На почетокот од годинава, кога со биткоинот се тргуваше по цена од 2.600 долари, Моас тогаш предвидуваше дека неговата цена ќе достигне 5.000 долари.