(ВИДЕО) Зечевиќ: Денеска Македонија одбра живот за сите

Од:

„Ви благодарам за одлучноста што ја покажавте и денеска, во вториот круг од изборите. Ви ја честитам победата, вам на сите граѓани на Македонија, победа со која СДСМ и коалицијата ги заокружуваат промените во сите општини на Република Македонија.

Денеска се потврди дека граѓаните избраа промени и живот во најголемиот број општини во државата.

Како шеф на изборниот штаб на СДСМ, изразувам благодарност до сите граѓани на Република Македонија, до сите политички партии кои учествуваа на изборите, до сите институции кои што овозможија слободни фер и демократски избори, до сите членови, до сите активисти и волонтери на СДСМ и партиите од коалицијата.

Благодарение на вашата ангажираност, Македонија се гордее со овој величествен ден!

Денес, Македонија одбра промени, Македонија одбра живот за сите“, изјави Миле Зечевиќ, шеф на изборен штаб на СДСМ за локални избори 2017.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори