СДСМ прогласи победа во Општина Македонска Каменица

Од:

Кандидатката за градоначалник на Македонска Каменица од редовите на СДСМ Соња Стаменкова, освоила 2.712 гласови, или 607 повеќе од противкандидатот Дарко Митевски од ВМРО ДПМНЕ кој ја добил довербата на 2.105 гласачи, информираат од штабот на СДСМ во М. Каменица.

Според овие партиски резултати, М. Каменица прв пат од своето осамосојување како општина ќе ја води кадар од СДСМ, но М. Каменица и Источна Македонија ја добија и првата жена градоначалник.

Излезноста на гласачите според партиски извори е 74 проценти, односно денеска во вториот круг на гласање за градоначалник во М. Каменица гласале 5.000 гласачи со право на глас. СДСМ и коалицијата го има и мнозинството во советот на Општина Македонска, Коалицијата „За живот во Македонија“ освоија шест советнички мандати, а ВМРо ДПМНЕ и коалицијата пет.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори