БЕСА: Изборниот ден со низа неправилности

Од:

Движењето БЕСА вечерва обвини за низа неправилности во текот на денешното гласање за вториот круг од локалните избори, кое, спроед нив, се одвивало во тензична атмосфера.

По затворањето на гласачките места, Фатом Фазлиу од БЕСА оцени дека гласањето било со серија неправилности и во тензична атмосфера.

Според Фалзиу, во попладневните часови две лица со криминално досие од кои еден вработен во МВР претепале двајца активисти на коалицијата Алијанса за Албанците и БЕСА во близна на ОУ „Иднина“ во општина Чаир.

Фазлиу изнесе тврдење дека од единцата „Алфи“ без никакво обрзложение го задржале еден час без никакво образложение шефот на изборниот штаб на коалицијата Алијанса со Беса во Чаир.

Имало, како што тврди и одземени лични карти, искршени гласачки кутии, закани за физички напади, купување гласови…

Од БЕСА најавија дека нивните забалешки ќе ги достават до ДИК и како што оценија неправилностите влијаеле денешниот ден на изборите да не се одвива во слободна и демократска атмосфера.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори