Јапонската уметница Рие Хосокаи користи балони за креирање на единствени фустани, кои можат да се носат 24 часа пред да го променат обликот и бојата во топли временски услови.
Необичните креации се создадени од латекс балони кои се надувани и рачно ткаени во различни правци, хоризонтално и вертикално, создавајќи текстури слични на ткаенина.
Количината на воздух кој влегува во секој балон е прилично тешко да се процени кога се работи за прилагодување на големината и обемот на фустанот.
Оваа 35-годишна уметница веќе десет години работи со балони и прави од нив незамисливи, интересни креации.
Таа ја почна својата кариера како цвеќарка, пред префрлувањето на поинаква уметност и отворање на свое сопствено студио под името Daisy Balloon, каде ги создава овие уметнички дела.
Иако нејзината „ткаенина“ е многу евтина (само 0,09 центи по балон) фустаните на уметницата Рие Хосокаи се продаваат за илјадници долари.