Кривична пријава за радовишанец кој сексуално напаѓал жени во Струмица

Од:

СВР-Струмица поднесе кривична пријава против А.М. (21) од село Калуѓерица, радовишко, поради постоење на сомнение за сторени три кривични дела обид за силување.

Според документираните сознанија од истрагата, сторителот во периодот од февруари годинава до крајот на овој месец, на подрачјето на Струмица, во периодот од 19 до 23 часот, извршил повеќе кривични дела на начин што им приоѓал од позади на женски лица и потоа со едната рака ги фаќал за уста, а со другата ги фаќал за гениталиите и градите, а по брзата реакција и барање помош од нападнатите веднаш се давал во бегство.

На 26-ти овој месец, на улица Мито Хаџи Василев – Јасмин во Струмица, во моментот на извршување на кривичното дело А.М. е фатен на лице место од страна на полицаец, по што веднаш е лишен од слобода и приведен во СВР-Струмица.

На предлог на Јавниот обвинител од Струмица од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите