Заврши гласањето на болните и изнемоштени лица во општините Могила и Новаци

Од:

Општинските изборни комисии од Могила и Новаци соопштија дека заврши гласањето на болните и изнемоштени лица од тие општини за вториот круг од локалните избори.

До ОИК-Могила пристигнаа девет барања од исто толку болни и изнемоштени лица за гласање во вториот круг од изборите за градоначалник, истакна Славко Велевски, претседател на ОИК-Могила.

– На сите лица им овозможивме да го остварат своето демократско право на избор. Постапивме според законската процедура и сите пријавени гласаа со што гласањето за денес е завршено. Утре во општина Могила ќе се гласа на 23 избирачки места, а според единствениот избирачки список евидентирани се 5.520 гласачи, потврди Велевски.

Гласањето на болните и изнемоштени лица заврши и во општина Новаци.

– За вториот круг од локалните избори за градоначалник на општина Новаци, до ОИК-Новаци пристигнаа осум уредни барања и на сите болни и изнемоштени лица им овозможивме да гласаат. Утре од 7 до 19 часот ќе се гласа на 24 избирачки места, а право на глас имаат 3.076 полнолетни лица, посочи Стевче Стевановски, претседател на ОИК-Новаци.

Би можело да ве интересира

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

Локални избори во Хрватска: Излезноста на гласачите до 16.30 часот е 23,45 отсто

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

Мицкоски:Очекуваме голема победа на локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он