(ВИДЕО) Трајковски: Со гласање за број 13 ќе изберете реализација на 470 нови проекти во Гази Баба, наспроти заканите и притисоците на СДСМ

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба и актуелен градоначалник, Тони Трајковски, ги повика сограѓаните од неговата општина во недела масовно да излезат на гласање. Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот што значи поддршка и доказ дека ќе се реализираат сите негови проекти.

Тој им порача дека со заокружување на бројот 13 ќе изберат реализација на 470 нови проекти и ќе се спротивстават на заканите и притисоците од страна на СДСМ.

-Изминатиов период работевме заедно и заедно реализиравме голем број на проекти. Заеднички дефиниравме повеќе од 470 нови проекти за секоја населба и секое населено место. Гаранција дека овие проекти ќе бидат реализирани е досегашната наша успешна соработка и мнозинството од советот кој во иднина ќе биде предводен од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери. Затоа, почитувани сограѓани, ве повикувам во недела да се заокружи бројот 13, да се излезе масовно и референдумски, да се одолее на сите закани и притисоци. Сите заедно да кажеме „Доста е со лагите и доста е со разнебитување на Република Македонија“. Заеднички да продолжиме да ја градиме иднината на нашата општина со домаќинско, чесно и одговорно работење, порача Трајковски.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината