Словенечкиот европратеник Франц Богович изјави дека новите мерки за земјите кои имаат безвизен патен режим со Европската Унија не се насочени против балканските земји и нема да го закочат проширувањето на ЕУ кон Балканот.
Според програмата ЕТИАС, која стапува во сила во 2020 година, државјаните на земјите, кои имаат договор за безвизнен режим со ЕУ, ќе мора да пополнат формулар за влез и да платат такса.
– Ова е безбедносна мерка која нема никаква врска со проширувањето, туку има за цел безбедносните служби на ЕУ да знаат кој влегол, а кој излегол од Унијата и да може полесно да се спречат криминалните или терористичките акти, изјави Богович за Танјуг.