За вториот круг од локалните избори акредитирани 5.101 домашни и 473 странски набљудувачи

Од:

За вториот круг од Локалните избори во Македонија што ќе се одржи на 29 октомври Државната изборна комисија акредитираше 5.101 домашни и 473 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари. ДИК за вториот круг од изборите акредитираше дополнителен број набљудувачи и новинари.

Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ – 2.917 потоа Здружението на граѓани ЗХА „Синергија“ – Штип 1.829, Цивил – Центар за слобода 207, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид – Скопје 125, Центарот за разбирање и институционална соработка Скопје – ЦРИС Скопје 17 и Македонскиот центар за култура и развој шест набљудувачи.

Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 289, потоа Амбасадата на САД во Македонија 35, Делегацијата на ЕУ 23, Меѓународниот студиски центар за избори (ИЕСЦ) 18…

Набљудувачи имаат акредитирано и Канцеларијата на НАТО во Скопје и амбасадите на Руската Федерација, Албанија, Австрија, Франција Велика Британија, Шведска, Унгарија, Кралството Холандија, Италија, Словачка во Македонија, Државна изборна комисија на Црна Гора, централните изборни комисии на Косово и на Бугарија и Меѓународна фондација за изборни системи (ИФЕС) – Канцеларија во Република Македонија.

Во ДИК се акредитирани и 315 преведувачи.

За вториот круг од изборите акредитирани се и дваесет новинари и тоа од Ал Џазира Балкан, Гласот на Америка, Агенција за вести – Косова Пресс, Руска информативна агенција ТАСС, Унгарската државна телевизија, Гласот на Америка, Асошиетед Прес и ТВ Коха Висион – Приштина.

Во првиот круг од локалните избори што се одржаа на 15 октомври беа акредитирани 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи, како и шест странски новинари.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ