Независниот кандидат за градоначалник на Кавадарци Давидов и Здружението на Ромите од Кавадарци со поддршка за Китев.

Од:

Независниот кандидат за градоначалник на Кавадарци од првиот круг Борис Давидов, кој не влезе во вториот круг, денеска на прес-конференција рече дека ја дава поддршката за Бетијане Китев во вториот круг, кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата и побара тоа да го направат и гласачите кои го поддржале него во првиот круг.

Поддршка за Бетијане Китев од кавадарчани денеска на прес-конференција побара и Раим Сулејманов, претседател на Здружението „Тиквешки Роми“ од Кавадарци.

Тој, како што рече, заедно со припадници на ромската заедница ги согледале активностите од двете политички партии и програми за Кавадарци и колку ги вклучуваат Ромите, и оти се изјаснуваат за промени.

Ги повика гласачите од ромската заедница во Кавадарци да гласаат за Бетијане Китев.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори