МВР: Притисок врз гласачи во Кавадарци, не е точно дека е приведен кандидат за градоначалник

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во Кавадарци била доставена писмена пријава дека лицето Г.Ч. вршело притисок за собирање на гласови во корист на еден од кандидатите за градоначалник.

Г.Ч. од Кавадарци вршел притисок врз лицата С.Ј. и И.А. да собираат по 50 гласа за еден од кандидатите за градоначалник. Полицијата направила првични проверки и разговарала со С.Ј., за што бил известен и надлежниот јавен обвинител.

Поради документирање на случајот, лицата била сослушани во основното јавно обвинителство во Велес, а со Г.Ч. бил извршен разговор во полициската станица во Кавадарци.

Од МВР истовремено ги демантираат објавените информации на дел од интернет порталите дека бил приведен кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев.

Би можело да ве интересира

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он