Средба на Димитров со Ендрју Бејкер, директор за меѓународни односи на Американскиот Еврејски комитет од Вашингтон

Од:

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес оствари средба со рабинот Ендрју Бејкер, директор за меѓународни односи на Американскиот Еврејски комитет од Вашингтон, личен претставник на Претседавачот на ОБСЕ задолжен за борба против анти-семитизмот и претседавач со Меѓународниот консултативен одбор на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Раду Јоанид, директор за меѓународни архивски програми во Меморијалниот Музеј на Холокаустот на САД и Горан Садикаријо, директор на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија.

Министерот Димитров и рабинот Бејкер разговараа за активностите кои што Република Македонија ги презема во насока на негување на сеќавањата на Евреите од Македонија – жртви од Холокаустот. Во тој контекст, посебен акцент беше ставен на претстојните активности по повод организацијата на комеморацијата на 75 годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија во март 2018 година.

Како претседавач со Меѓународниот консултативен одбор на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, рабинот Бејкер изрази очекување за засилена соработка со Владата на Република Македонија во насока на натамошно етаблирање и афирмирање на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија на регионален и меѓународен план, како и за подигнување на севкупната репутација на нашата земја. Подвлече дека на полето на образованието и сеќавањето на Холокаустот, Република Македонија прави повеќе од многу други земји.

На средбата се разговараше и за ангажманот и соработката на Република Македонија со Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА), при што беше поздравено усвојувањето на работната дефиниција за анти-семитизмот од страна на ИХРА, како и неодамнешната резолуција на Европскиот парламент со која земјите-членки на ЕУ се охрабруваат истата да ја усвојат во своите национални законодавства.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија