Во Куманово отворен ден со новиот градоначалник Максим Димитриевски

Од:

Општина Куманово денеска организираше отворен ден со новиот градоначалник Максим Димитриевски, на кој граѓаните имаа можност да разменат идеи, проекти или да решат конкретни случаи со градоначалникот на Куманово.

Поголем дел од граѓаните бараа помош за исплата на еднократна парична помош, а дел и реализација на инфраструктурни проекти.

– Во најголем дел барањата се однесуваат за исплата на еднократна парична помош од страна на социјалните случаи и барања за вработувања на лица членови на семејството каде што морам да бидам искрен, општината како институција не може во овој момент многу да помогне, бидејќи рековме дека ќе се посветиме на фактот заедно со Владата, да го кренеме стопанството во следниот период од четири години, но благодарен сум и до сите барања и согледувања кои што се однесуваат во делот на инфраструктурата во градот и други пробелми кои што ги засегаат граѓаните. Голем број идеи за промоција на проект, изработка на каталози, рекламирање на општината, иницијативи од граѓански здруженија, за културни манифестации, нови културни настани во градот и сакам да се заблагодарам на сите граѓани. Се надевам дека заедно во следниот период со кумановци ќе успееме да направиме од Куманово поубаво место за живеење, изјави Димитриевски.

Тој истакна дека Куманово има голем број невработени лица и корисници на социјална парична помош и најави дека наредните години ќе понуди дополнителни социјални пакети во сферата на социјална заштита и конкретна понуда за самохраните родители и лицата со попреченост.

Денеска, поддршка од градоначаникот побараа и здруженијата кои се залагаат за заштита и унапредување на правата на лицата со попреченост и голем број невладини и граѓански организации.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски