Георгиевски: Ќе ги исчистиме депониите, речните корита и улиците

Од:

Нашата заложба е да имаме чисти јавни површини, чист воздух и здрава животна средина. Ќе инвестираме во јавните комунални претпријатија, ќе се посветиме на редовно чистење на депониите и каналите, ќе вложуваме во колекторски системи, пречистителни станици, а ќе изградиме и регионални фабрики со еко-филтри за третман на цврстиот комунален отпад. Ова денеска го најави кандидат за градоначалник на Гази Баба од СДСМ Борис Георгиевски.

Тој информира дека во селото Синѓелиќ ќе работат на чистење на каналот и на негово трајно покривање, во селото Брњарци ќе го уредат речното корито, а во Стајковци ќе се изгради одводен канал на улицата „Антон Велковски“, во должина од 1.200 метри во кој ќе се слева атмосферската вода.

– Низ повеќе делови на општината ќе се постават и подземни контејнери кои ќе ја подигнат свеста и нивото на комуналната хигиена. Граѓаните на Гази Баба заслужуваат здрав и квалитетен живот. Новата локална власт по 29 октомври ќе инвестира во здравје, во нови зелени површини и чисти улици, истакна Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори