Шпанскиот голман Икер Касилјас во последно време го загуби првотимскиот статус во Порто, ситуација со која легендата на Реал Мадрид тешко дека ќе се помири.
Касиљас има 36 години и сака на залезот на кариерата да биде прва опција во респектабилен тим. Шпанска „Марка“ открива дека е можен трансфер на Касиљас во зимскиот преоден рок, а како нова дестинација за него се спомнува премиерлигашот Ливерпул.
Олеснителна околност за реализација на овој трансфер може да биде високата плата од пет милиони евра што Порто ја плаќа за голман кој седи на резервната клупа.
Од друга страна, Ливерпул е во потрага по стабилен чувар на мрежата која од почетокот на сезоната многу пати е затресена поради грешка на одбраната и голманот.