Левоцентристичката коалициска Влада на Нов Зеланд, предводена од лидерката на Лабуристичка партија Џасинда Ардерн, денеска положи заклетва пред генералниот гувернер Раци Реди, претставник на британската кралица Елизабета Втора.
Ардерн (37) е на чело на коалицијата со популисткичката партија „Нов Зеланд пред се“ и со поддршка на Зелената партија.
Левоцентристкичкиот блок има 63 места во Парламентот со 120 членови.
Лидерот на коалицискиот партнер Винстон Питерс станува заменик-премиер и миистер за надворешни работи.