Џафери-Пацоли: Меѓусоседските односи во регионот да се издигнат на највисоко можно ниво

Од:

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери денеска се сретна со косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот на Собранието на РМ, Џафери нагласил дека Македонија и Косово придонесуваат меѓусоседските односи во регионот да се издигнат на највисоко можно ниво и оти ваквите посети се потврда на тие заложби.

Џафери, стои во соопштението, се осврна и на договорно правната база меѓу двете држави која наскоро треба да биде проширена со потпишување повеќе билатералани договори за олеснување на севкупните односи. Воедно изразил подготвеност за споделување на исуствата во процесот на евроинтеграции со колегите од косовскиот Парламент и надеж оти и таму ќе биде формирана пратеничка група за соработка со Собранието на Република Македонија. Информирал и за актуелната политичка состојба во државава и за настаните кои следеа по предвремените парламентарни избори во декември минатата година.

Според соопштението, министерот Пацоли изразил задоволство што границата ја поминал само со лична карта, особено поради фактот дека тоа била негова лична заложба во краткиот период додека ја извршувал функцијата претседател на Косово.

Пацоли ја нагласил потребата пратениците од Парламентот на Косово да ја добијат експертизата од своите колеги од Собранието на Република Македонија и меѓупарламентарната соработка да се развива на редовна основа и му честитал на Џафери за изборот на функцијата претседател на Собранието.

– Соговорниците ја потврдија и определбата за поинтензивна економска соработка и подобра инфраструктурна поврзаност, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина