ВИДЕО: Саша Богдановиќ го прими уверението за градоначалник на Центар

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска го прими уверението за избор на градоначалник од Општинската изборна комисија.

Уверенија добија и новоизбраните советници, 16 од коалицијата предводена од СДСМ и 7 од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Саша Богдановиќ имаше примопредавање и средба со досегашниот градоначалник, Андреј Жерновски.

Богдановиќ им се заблагодари на сите досегашни советници и им го честиташе изборот на новоизбраните.

„Му се заблагодарувам и на мојот пријател, Андреј Жерновски. Ќе разменуваме искуства за да ги продолжиме сите отпочнати процеси во општина Центар. По долго време, имавме фер и демократски избори. Се сеќаваме како се одвиваа изборите во 2013-та, но и тогаш граѓаните успеаа да се изборат за вистинската опција. Вољата на граѓаните никој не може да ја оспори“, изјави Богдановиќ.

Андреј Жерновски, досегашниот градоначалник, рече дека пред 4 години, кога ја преземал функцијата никој не го пречекал, но од утредента веќе редовно доаѓале инспекции.

„Машината е запалена, сега треба да се продолжи она што се работеше. Петнаесеттина проекти се веќе почнати и документацијата е завршена за нив. Центарци на овие избори го добија она што го заслужуваат, Саша е избран во првиот круг. Тука сум за соработка и совети“, изјави Жерновски.

Богдановиќ најави дека една од првите работи со што ќе се зафати е ревизија на „Скопје 2014“.

Би можело да ве интересира

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа