Во Кавадарци коалиција на Советничката група на СДСМ и независниот Сакалиев

Од:

Советничката група на СДСМ и коалицијата и независниот советник Ристо Сакалиев во општина Кавадарци стапија во коалиција, со која обезбедуваат мнозинство во Советот на општината.

Одлуката за коалицирањето ја соопштија Сакалиев и Ташо Радњански, советник на СДСМ и коалициските партнери.

– Јас понудата ја прифаќам, мене ми е мило што една ваква понуда стаса пред да заврши вториот круг. Тоа е еден чекор напред во демократијата, институцијата Совет да го направи мнозинството без чекање исход од победникот од кандидатите за градоначалници и посакувам ова да биде пракса и натаму, не само во Кавадарци туку во цела Македонија. Со големо задоволство ја прифаќам понудата од Радњански. Мислам дека тој добро ќе го води Советот во коалиција со мене, еден искусен советник транспарентен човек што не подлегнува на никаков терор, човек што се дистанцира од некои партиски одлуки кои мисли дека не се како што треба, а таков сум и јас, рече Сакалиев.

Задоволство од донесената одлука изрази и Радњански.

– Би сакал да изразам голема благодарност за подршката на советникот Ристе Сакалиев за сега веќе новото мнозинство предводено со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата во новиот состав на општина Кавадарци. Ова значи дека во општина Кавадарци сега засега апсолутно мнозинство од десет советници има коалицијата предводена од СДСМ. Со Сакалиев сме имале одлична соработка во Советот изминативе години и секогаш сме се бореле за нашите сограѓани. Граѓаните препознаваат дека овој момент е единствена опција што може реално да направи нешто за Кавадарци. рече тој.

Смета дека со ова јасно се трасира патот за избор на новиот градоначалник на Кавадарци од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори