По минатонеделната смена на власта во Нов Зеланд, доскорешната владејачка Национална партија (НАТС) се соочува со нови проблеми.
Имено, Вишиот суд денеска одлучи дека партијата во својата изборна кампања во 2004 година, користела песна што прекумерно се совпаѓа со хитот на Еминем, „Lose Yourself”.
Раперот преку својата продуцентска куќа ја тужеше НАТС, па сега тие ќе треба да плата отштета од 600.000 новозеландски долари (околу 352.000 евра). Во 2014 година кога тужбата беше покрената, партијата тврдеше дека ги откупиле правата преку трета страна.
Лидерот на НАТС, Питер Гудфелоу изрази разочарување од пресудата и најави контратужби.
– Го купивме „парчето“ музика од една реномирана музичка австралиска куќа, којашто ја имаше купено од американски дистрибутер… Ние веќе имаме поднесено тужба против дистрибутерите и одговорните за лиценците за песната, нагласи тој.