Секој четврток приемен ден за граѓаните во општина Куманово

Од:

Граѓаните на општина Куманово ќе имаат можност од утре, секој нареден четврток да остварат средба со градоначалникот Максим Димитриевски, информираа денеска од одделението за односи со јавност од општината.

На овие отворени денови граѓаните ќе имаат можност да разговаат, да предложат идеи и да разменат мислења од различни сфери на општественото живеење во градот.

– Од утре градоначалникот Максим Димитриевски ќе остварува средби со граѓаните на Општина Куманово. Средбите ќе се одржуваат во просторииите на општината (главна зграда) секој четврток од 10:00 – 14:00 часот. Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да учествуваат во овој отворен ден, со цел да се поразговара и сменат идеи за различни теми од општественото живеење, се вели во соопштението на Одделнието за односи со јавност во Општина Куманово.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане