Шојгу: ИД контролира помалку од пет проценти од територијата во Сирија

Од:

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, денеска изјави дека т.н. Исламска држава контролира помалку од пет отсто од сириската територија.

Рускиот министер за одбрана нагласи дека ИД контролирала повеќе од 70 отсто од територијата во Сирија пред почетокот на операцијата на руските воздухопловни сили, пред две години.

Според него, околу 998 градови и населби биле ослободени, а голем број екстремисти убиени. Шојгу, на четвртиот состанок на министрите за одбрана на земјите- членки и партнери за дијалог на Асоцијацијата на нации во Југоисточна Азија на Филипините, рече дека започнат процесот на враќање на мирен живот во Сирија.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски