Чарногурски: Словачка може да излезе од НАТО во следните 10 години

Од:

Во следните 10 години Словачка може да излезе од НАТО, изјави поранешниот премиер Јан Чарногурски.

Во интервју за руска Известија, тој оцени дека Алијансата на ниту еден начин не ја чува Словачка.

– Алијансата на ниту еден начин не ја чува нашата држава. Словачка не е во судир со ниту една држава, додека членствово во НАТО ја вовлекува Братислава во вештачко создавање конфликт со Русија. Затоа е можно во следните 10 години Словачка да го напушти НАТО, изјави Чарногурски.

Според него, Алијансата се покажала неспособна да се спротивстави на современите закани со кои се соочуваат европските членки на НАТО, како што е меѓународниот тероризам и бранот мигранти.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски