Бочварски вети мерка за решавање на станбеното прашање за млади брачни парови

Од:

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Благој Бочварски најави дека во неговата Програма предвидена е мерка за решавање на станбеното прашање на младите брачни двојки.

– Секој млад брачен пар кој ќе сака да изгради свој сопствен дом, свое живеалиште, куќа до 150 метри квадратни, ќе биде субвенциониран со комуналиите за 50 проценти. Тоа значи дека секој оној кој што ќе реши да изгради сопствен дом, комуналии кон Општина Штип ќе плати само за 75 метри квадратни. Оваа мерка е едно огромно олеснување за младите брачни парови во Штип, вели Бочварски.

Тој забележа дека со оваа мерка, но и со останатите кои се дел од програмата целта е да се задржат младите во Штип.

Бочварски на денешната прес-конференција ги повика граѓаните на Општина Штип да присуствуваат на вечерашниот митинг на СДСМ, кој почнува од 20 часот на Градскиот плоштад „Слобода“, а на кој, како што рече, ќе се упати пораката до локална власт во заминување дека на 29 ти Октомври доаѓа нов живот и нова локална власт.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори