Седиштето на Римокатоличката црква во Ватикан следната година ќе организира спектакуларен акробатски перформанс за Микеланџело со најсовремени ефекти, под величенствениот свод на Сикстинската капела.
Проектот под наслов „Универзален суд: Микеланџело и тајните на Систинската капела” чини девет милиони долари. Претставата ќе биде изведена пред 1.500 луѓе во мултифункционалниот комплекс „Аудиториум Консилијационе”, и ќе трае околу еден час. Станува збор за перформанс во живо, збогатен со специјални светлечки ефекти, а автор на сето тоа е италијанскиот режисер Марко Балих, кој режирал бројни олимписки церемонии на отворања и затворања. Музиката ја компонирал Стинг.
Балих открива дека шоуто „ќе ги открие тајните на Систинската капела”, како и начинот на кој е изградена.