Марин ја презеде градоначалничката функција во Аеродром

Од:

Претседателката на Општинската изборна комисија, Аеродром, Смиљка Тенева, денеска во просториите на општина Аеродром на Златко Марин му го врачи решението за доделување мандат за градоначалник на општината.

Претходно, како што соопштија од општина Аеродром, Марин одржал и кратка средба со досегашниот градоначалник, Ивица Коневски, при што и официјално била примопредадена градоначалничката функција.

Исто така, на денешното свечено примопредавање беа доделени и решенијата на 27-те членови на новиот Совет на Општина Аеродром и тоа од коалицијата предводена од СДСМ Тони Грнчаров, Гоце Јовчев, Ивана Цветковска, Дејанчо Тенев, Силвана Трбогазова, Рената Јајоска, Дарко Аврамовски, Ивана Здравеска, Аида Хоџиќ, Томче Ѓуровски, Билјана Спасовска, Даниел Кралјевски, Крсте Врбоски, Љупчо Недески и Маја Миловановиќ – Михајлов, како и од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ: Виктор Камилоски, Климен Стоилов, Јасминка Дамческа, Златко Перински, Пане Антовски, Мелина Голубовска, Петар Миовски, Ивица Тасиќ, Весна Маркоска, Стела Димковска, Љубомир Андревски и Оливер Миланов.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори