Во Гевгелија конференција за туризам и бизнис логистика во 21 век

Од:

Факултетот за туризам и бизнис логистика со седиште во Гевгелија, денеска и утре е домаќин и организатор на првата меѓународна конференција под наслов „Предизвици во туризмот и бизнис логистиката во 21 век“.

Деканот Никола Димитров информира дека на конференцијата учествуваат 60 автори на научни трудови од кои 42 домашни и 18 странски од Полска, Турција, Летонија, Србија, Бугарија и Косово.

Во текот на двата дена, посочи тој, ќе бидат презентирани 33 научни трудови од областа на туризмот, економијата, бизнис логистиката и менаџментот.

– Покрај презентацијата на трудовите, ќе има и постпрезентација на одреден број научни работници кои преку постери ќе ги прикажуваат придобивките од туризмот и бизнис логистиката во 21 век, рече Димитров.

Во текот на утрешниот ден ќе се организира посета на туристичкиот центар Дојран со цел учесниците на конференцијата подобро да се запознаат со карактеристиките на Југоисточниот регион.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ