Георгиевски: Силна поддршка за мали и средни претпријатија

Од:

Директна поддршка за домашните претпријатија, вложување во младите, отворање центри за отпочнување и развој на бизниси, најави кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба од СДСМ Борче Георгиевски.

– Општина Гази Баба има голем потенцијал за економски раст, но досега тој беше многу малку искористен. Досегашната локална власт беше незаинтересирана да ги поддржи малите и средни претпријатија и да овозможи нивен развој и нови вработувања. Ние ќе ја активираме спиралата на покачување на плати. Ќе им дадеме директна поддршка на домашните претпријатија, ќе вложуваме во младите, ќе отвориме центри за отпочнување и развој на бизниси. Ќе ги здружуваме бизнисите, општината и граѓаните, со единствена цел – нови и подобро платени работни места. Но нема да ги изоставиме и странските инвеститори. За нив ќе обезбедиме еднакви услови како и за домашните со што ќе внесеме повеќе пари во општините, повеќе пари и можности за секој граѓанин на локално ниво, рече Георгиевски.

Посочи дека стопанствениците кои се уште својата дејност ја вршат во дуќани на главната улица конечно ќе добијат соодветни простории во новиот трговски центар во Маџари 1.

– Така, рече, ќе се обезбеди организирана и безбедна трговија преку која дуќанџиите ќе се насочат на една локација.

Порача дека по 29 -ти октомври општината заедно со централаната власт ќе биде фокусирана на економскиот развој, а парите ќе се вратат кај граѓаните.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори