Спасовски и Георгиевски во обиколка на селата во Гази Баба: Страчинци ќе добие нов цевковод во должина од 8 километри

Од:

Министерот Оливер Спасовски и кандидатот за градоначалник на СДСМ за Гази Баба, Борис Георгиевски вчера беа на средби со граѓани во неколку села во општината.

„Жителите на с.Страшинци осум години бараа решение за проблемот со редовниот проток на вода но не го добија. Новата локална власт на СДСМ по 29 октомври ќе почне со работа. Жителите на с.Страшинци ќе добијат нов објект за водоснабдување кој ќе опфати нов цевковод во должина од 8 км и две пумпни станици. Граѓаните мора да добијат непречен проток на вода, тоа е задолжение на секоја локална власт. Досегашната слика е недозволива. Дојде време да се стави крај на расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и да се работи за граѓаните.

Со министерот Оливер Спасовски вчера ги посетив Смилковци, Јуримлери и Гоце Делчев. Инфраструктурата во овие три населени места е во катастрофална состојба. Жителите на Смилковци конечно ќе добијат фекална канализација. Ветување кое со години не било реализирано од локалната власт на СДСМ. Во Јурумлери главни проекти се изградбата на фекална канализација и пречистителна станица, додека во Гоце Делчев комплетно ќе го уредиме спортското игралиште со порамнување, оградување, поставување рефлектори и изградба на соблекувалници.

Новата локална власт во Гази Баба на 29 октомври ќе го запре трендот на празни ветувања. Ќе работиме со граѓаните за граѓаните. За живот на сите“ се вели во соопштението на Борче Георгиевски, кандидат за градоначалник на Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски