Во камион на преминот Богородица откриени 13 илегални мигранти

Од:

Група од 13 илегални мигранти од Ирак открила вчера граничната полиција во специјално направен бункер во товарно возило со бугарски регистарски таблички, управувано од грчки државјанин.

Како што соопшти МВР, групата мигранти била откриена околу 20.45 часот на Граничен премин „Богородица“, од страна на полициски службеници во содејство со царински службеници, при контрола на товарно возило „Рено“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од С.А. (45) од Република Грција.

– Мигрантите биле пронајдени во специјално направен бункер во предниот дел од приколката, веднаш зад кабината од возилото. Регионалниот центар за гранични работи Југ при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал Скопје поднесе кривична пријава против С.А., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски