Празот на месото му дава посебна арома и вкус …
Потребно е:
2 копани и надкопани
50 мл масло
4-5 пиперки
1 страк праз
2-3 домати
мелен сув зачин
сол
Подготовка:
– Празот исечете го на тркалца и пропржете го на масло.
– Пиперките исто исецкајте ги и додадете ги кај празот. Оставете заедно да се динстаат неколку минути.
– Кога ќе омекнат додадете ги излупените и на коцки исецкани домати. Зачинете со мелен сув зачин и сол, по вкус.
– Во друг сад на рингла издинстајте ги парчињата пилешко месо. Исклучете ја ринглата и поклопете го садот.
– Сервирајте ги копаните со издинстаниот зеленчук и како прилог пире од компири.