Бубало: Тони Трајковски ветува проекти, а потоа ги заборава

Од:

„Тони Трајковски без страм бара трет мандат од граѓаните на општина Гази Баба, иако во неговата програма повторно се проектите кои не ги реализираше во предходните два мандата. Ветеното, а не реализирано граѓаните му го памтат и затоа ќе го казнат на 29 октомври.

Тони Трајковски на учениците во населбата Ченто одамна им вети ново основно училиште, сега ние јавно го прашуваме:

-Каде е новата зграда на ветеното ОУ Крсте Мисирков?

Очигледно е дека градоначалникот во заминување Трајковски ниту планирал да го изгради во мандатот за кој го вети, ниту пак ќе го изгради во иднина. Дури сега вели дека годинава имал план да почне со градба но повторно работата се стопирала во министерството за образование и наука. Жално е што Трајковски упорно се служи со лаги и тоа на сметка на учениците кои се иднината на општината.

Тони Трајковски не се грижи за граѓаните на Гази Баба. Минатото зборува дека тој ветува проекти, а потоа ги заборава. Ваквото владеење на Трајковски граѓаните го препознаа на 15ти октомври. Го казнија, а ќе го казнат пак. Граѓаните бараат сериозност и реализација.

Локалната власт досега не обезбеди услови за квалитетен образовен процес, тоа ќе се промени по 29ти октомври.

Време е пасивната и расипничка власт да си оди од Гази Баба. Граѓаните заслужуваат подобро“, изјави Милица Бубало.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори