Јовановски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива до Парламентот на РМ за распишување на референдум за Договорот со Бугарија

Од:

„Самиот факт што Договорот за добрососедство со Бугарија беше брзоплето потпишан, без никаква консултација на стручната јавност, а уште помалку со широк национален консензус, говори дека овој договор мора да го помине тестот на народната волја, односно да биде поставен на референдум.

Се работи за премногу сериозен документ кој за век и веков ќе влијае врз нашата позиција во однос на Бугарија, и ќе ги преуредува елементите на македонската државност, историја и идентитет.

Граѓаните бидејќи мора јасно и недвосмислено да го кажат својот став за елементите на овој договор, односно да кажат што мислат за фактот дека македонскиот јазик се сведува само на уставна категорија, а не како реалност која Бугарија ја признава, како што впрочем го прави во секој билатерален договор. Да кажат исти така што мислат за фактот дека никаде во договорот не се споменува македонски народ, а истовремено се прави откажување од било каква грижа за македонското национално малцинство. Да кажат што мислат за фактот дека Македонија се обврзува за прифаќање на заедничка историја која може да датира до 1944 година и притоа прифаќа комисиско преиспитување и промени на учебниците во Македонија.

Граѓаните имаат право и мораат да се произнесат за ваквиот асиметричен договор кој Mакедонија ја става во нерамноправна положба и предизвикува чувство на штета и трајни последици по македонскиот идентитет.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива до парламентот на Република Македонија за распишување на референдум по ова прашање. Знаеме дека СДС упорно бега од референдумското соочување со граѓаните и затоа ги квалификува како прашања кои не заслужуваат, одговор, но ова е прашање за кое граѓаните сакаат да одлучуваат.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ целосно сме посветени на евроинтегративните процеси на нашата земја и сметаме дека асиметрични, изнудени и брзоплети договори на штета на едната страна не се воопшто во духот на европските и демократски вредности. Впрочем добрососедство се гради со дела и со доверба, а не со негирања, заглавување во минатото и рушење на достоинството на другата земја.

Ова не носи ниту иднина, ниту европски придобивки, ниту пријателство, туку само огорченост и виткање на кичмата на македонскиот народ, на македонската држава и на македонската историја и историографска наука.

СДС не смее да им го ускрати правото на граѓаните одлучуваат за својата иднина и иднината на својата држава. Граѓаните мора да добијат шанса да кажат што мислат за овој договор кој ги тангира нив и иднината на нивните деца“, изјави Крсте Јовановски, ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата