Се уште нема поднесени тужби од партиите до Управниот суд

Од:

До 21 часот нема поднесено тужби од партиите против одлуките на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата, потврдија за МИА од Управниот суд.

– Во моментов пристигнато е барање за заштита за слободи и права загарантирани со Устав. Поднесено е од ТМРО. Во однос на решенијата на ДИК сеуште немаме добиено тужба. Последниот рок за поднесување тужба против решенијата на ДИК до Упарвен суд е утре до 11 часот, изјави Снежана Кипровска, виш судски соработник во Управниот суд.

Управниот суд вечерва ја отфрли тужбата од Ѓорѓи Шарковски против, како што стои во поднесениот документ, „државната администрација во Кривогаштани“ заради оневозможување на собирање потписи за градоначалник и членови на совет во Општина Кривогаштани. Решнието го донесе Управениот суд во совет составен од тројца судии на нејавна седница на советот, кое во целост ќе биде објавено најдоцна утре.

За тужбите по решенијата за приговорите за првиот круг од локалните избори од партиите треба да се одлучува во рок од 48 часа по поднесувањето. Ќе одлучуваат пет судечки совети составени од по петмина судии од Управниот суд избрани по пат на жрепка. Тужбите електронски ќе им се распоредуваат на судиите, а одлучувањето ќе биде на јавни седници, велат од Управниот суд.

ДИК ги одби сите поднесени приговори за првиот круг од локалните избори. Најмногу приговори поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а приговори имаа и Алијанса за Албанците, ТМРО и Левица.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ