(ВИДЕО) Захариев: Општина Штип ќе доделува еднократна помош во висина од 6 илјади денари за секое новороденче

Од:

Посветеноста во моето работење, секојдневното ангажирање но и грижата за сите граѓани во нашиот град е мој апсолутен приоритет и всушност идеите на граѓаните ги реализирав во претходните четири години, вели кандидатот за градоначалник за Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев.

-Вашите предлози беа мои проекти и тие ги гледате насекаде на улица, во секоја населба, покрај секоја зграда во целиот град, едни од најважните приоритети во моето работење во иднина ќе биде во делот на наталитетот. Општината ќе стимулира да се раѓаат деца во Штип, а тоа ќе го правиме на тој начин што ќе даваме околу 6 илјади денари за секое новородено дете. Всушност тоа го работев и во претходните четири години, но помошта беше упатена само кон социјалните семејства и ранливите групи. Бидејќи во нашиот град се раѓаат некаде околу 500 деца секоја година, сите мајки ќе добијат еднократна поддршка од 6 илјади денари, потенцираше Захариев.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори