Тече рокот за жалби од партиите до Управниот суд

Од:

Од синоќа тече рокот од 24 часа за тужби од партиите против одлуките на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата.

Партиите можat да поднесат тужби до Управниот суд против одлуките на Државната изборна комисија во рок од 24 часа од приемот на решението на ДИК, а Управниот суд, пак, по приемот на жалбата, должен е да донесе одлука во рок од 48 часа.

ДИК ги одби сите поднесени приговори за гласањето во првиот круг на 15 октомври. До Комисијата беа поднесени вкупно 46 приговори од кои 43 беа од ВМРО-ДПМНЕ. Пред почетокот на седницата беа повлечени три и еден во текот на седницата. По еден приговор поднесоа и ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица.

Во меѓувреме тече кампањата за вториот круг од локалните избори на 29 октомври, а одредени општински изборни комисии веќе им ги врачија решенијата на изгласаните кандидати за градоначачници.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори