РСБСП и РК Вардар со заедничка кампања за безбедност во сообраќајот

Од:

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и европскиот ракометен првак „Вардар“, преку заедничка соработка, во наредниот период ќе ја реализираат кампањата „Добредојдовте во земјата на шампионите – Вози одговорно“.

Кампањата ќе промовира внимателно и одговорно учество во сообраќајот, ќе едуцира за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи. Со оваа кампања, ракометниот клуб Вардар, како општествено одговорен бренд ќе даде придонес за подигнување на сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.

Кампањата „Добредојдовте во земјата на шампионите – #Вози одговорно“ со јавноста ќе комуницира и преку слоганите:

„Шампионите возат одговорно“,
„Црвен картон за некултурата во сообраќајот“,
„Биди тимски играч – дај им предност на пешаците“
„Тајм аут – закочи пред да биде предоцна“.

Кампањата која ќе биде присутна во печатените, електронските и социјалните медиуми, ќе биде промовирана и во спортските центри во кои настапуваат нашите европски шампиони.
Предвидено е на граничните премини за влез во Македонија да бидат поставени едукативни постери на англиски јазик, наменети за информирање и едуцирање на странските возачи кои влегуваат во Република Македонија.

„Особено значаен е придонесот што РК Вардар го дава во реализацијата на оваа кампања. Шампионите играат одговорно на терен и постигнуваат резултати, но за да постигнеме добри резултати во сообраќајот, мора да возиме одговорно и да се однесуваме шампионски во него“ – вели Стојче Стаменковски, претседател на РСБСП.

„За нас преставува привилегија и задоволство што имаме можност да дадеме придонес за подигнување на сообраќајната свест и култура. Јас, сите ракометари на Вардар и сите вработени во клубот сме дел до сообраќајот и од тие причини со задоволство прифативме да дадеме поддршка на оваа кампања и ќе ја поддржиме во целост“ – истакна Давор Стојаноски, директор на ракометниот клуб Вардар.
РСБСП и РК Вардар апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат безбедно и одговорно, да се однесуваат тимски на патиштата и да бидат шампиони со своето позитивно и одговорно однесување во сообраќајот.

Кампањата ќе се реализира во две фази. Првата фаза започнува денес и ќе трае шест месеци.

Би можело да ве интересира

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

A1on

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Возачите да бидат внимателни во близина на воспитно-образовните установи, апелира советот за безбедност во сообраќајот

Манасков се врати во Вардар