Меѓу земјите членки на ЕУ не постои консензус околку тоа дали Брисел треба да дозволи преговори со Москва за изградба на гасоводот „Северен поток 2“, од Русија преку Балтичкото Море до Германија, изјави вечерва претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Според него, во следните месеци не треба да се очекува постигнување компромис во ЕУ околу ова прашање.
– Европската комисија сепак и натаму смета дека ќе биде корисно да се одобри манадат за преговори со Русија, изјави Јункер по завршувањето на работниот дел од првиот ден на Самитот на ЕУ во Брисел.