Адеми: ДУИ на 29 октомври очекува помасовна победа

Од:

Партиското мнозинство во Владата е стабилно без оглед на случувањата во постизборниот период, изјави денеска Аребр Адеми, портпарол на Централниот изборен штаб на ДУИ.

– На 15 октомври во Македонија се заокружи еден демократски процес каде мнозинството го кажа својот збор. Сведоци сме на намерни манипулативни кампањи и намерно извртување на вистината. ДУИ е апсолутен победник на изборите во албанскиот политички блок и тоа со двојно повеќе гласови од нејзините противници. Бројките покажуваат дека дури и да беа заедно тие пак ќе беа зад ДУИ, изјави Адеми.

Посочи дека 15 октомври ја одбележува 11-та победа по ред на Али Ахмети и ДУИ и вториот пораз на БЕСА и Алијансата за Албанците.

– Очекуваме победата од 15-ти октомври да се рефлектира на 29-ти октомври и да биде помасовна. ДУИ е пред противниците не само во трката за градоначалници, туку и за советници. Ситуацијата е јасна, ДУИ ќе биде победник, изјави Адеми.

Прашан дали ДУИ се чувствува како апсолутен победник кога се знае дека во првиот круг имале гласови од СДСМ, Адеми рече дека бројките се јасни и дека победата на ДУИ е чиста како солза.

На новинарско прашање за тоа дали ДУИ го менува политичкиот курс и се концентрира на граѓанскиот концепт на неговиот владин партнер СДСМ, што се покажа дека дава резултати, и дали ќе ги побара гласовите на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ во Чаир и Тетово, Адеми одговори дека ДУИ е автентичен претставник на интересите на Албанците во Македонија и ова го докажале граѓаните давајќи апсолутна поддршка на изборите.

– Нашата програма како за парламентарните, така и за локалните избори е јасна и во насока на граѓаните. Токму оваа програма го прави ДУИ поинаков од противниците, кои не само што немаат програма, туку пласираат и невистини. Ние ги повикуваме сите граѓани на Македонија да ги поддржат нашите кандидати кои се со професионален, фамилијарен и персонален кредбилитет, рече Адеми.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ