Јасинда Ардерн ќе биде најмлада премиерка на Нов Зеланд

Од:

Јасинда Ардерн ќе биде следниот премиер на Нов Зеланд откако помала политичка партија одлучи да коалицира со либуристите по изборите одржани пред речиси пред еден месец.

На 37-годишна возраст, Ардерн ќе биде најмладиот лидер на нацијата во повеќе од 150 години.

Претседателот на антиимигрантската и десничарска партија „Нов Зеланд на прво место“ Винстон Питерс соопшти дека неговата партија одлучила да влезе во коалиција со Лабуристичката партија на Ардерн. Либералната зелена партија ќе ја поддржи коалицијата, но нема да биде дел од владата.

Новозеланѓаните чекаат уште од 23 септември, кога се одржаа изборите, да дознаат кој ќе управува со земјата, бидејќи завршија без јасен победник.

Австралискиот премиер Малком Трнбол соопшти дека веќе и честитал на Ардерн и изрази надеж дека наскоро ќе имаат средба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска