Многу мек и вкусен колач …
Потребно е:
6 белки
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
130 гр брашно
100 мл масло
40 гр кандирани брусници
малку рум
40 гр суви кајсии
40 гр црно чоколадо
30 гр ореви
и уште:
10-15 гр путер, за подмачкување
шеќер во прав, за посипување
Подготовка:
– Брусниците потопете ги во малку вино. Сувите кајсии исецкајте на коцкички и потопете ги во малку вода. Чоколадото исецкајте го на парчиња. Оревите исецкајте ги на покрупни парчиња.
– Во подлабок сад ставете ги белките и изматете ги со миксер. Со постојано матење додадете ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Матете додека да добиете цврст шлаг.
– Во изматените белки додадете ги брашното и маслото и полека измешајте со дрвена лажица. На крај додадете ги брусниците, кајсиите, чоколадото и оревите и повторно измешајте.
– Ребраст или обичен долгнавест калап премачкајте го со путер и посипете со малку брашно.
– Сипете ја смесата, израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.
– Испечениот колач оставете го 15-тина минути да се излади, а потоа со пластичен нож полека одлепете го колачот од калапот и превртете го на долгнавеста чинија.
– Пред да го послужите посипете го со шеќер во прав.