А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден надзор на Казандол

by А1он18/10/2017 - 15:24168
Share0

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека на 3 октомври извршил вонреден надзор во Рударскиот комплекс Казандол, Валандово.

Добивај вести на вибер

Вонредниот надзор е спроведен по претставка доставена од граѓанското здружение „Спас за нас“ од Гевгелија за наодите кои, како што се наведува, се однесуваат на претпоставени недоследности во спроведување на постапката за Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина.

За време на инспекцискиот надзор бил побаран увид во документацијата, која согласно постојната законска регулатива, во оваа фаза на изградба, правниот субјект е должен да ја има и да ја достави на увид.

– По прегледувањето на документација констатирано е дека таа е достапна на јавноста на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање на следниот линк http://www.moepp.gov.mk/?page_id=8255.  На истиот линк е достапен и спорниот Финален извештај за Стратегиска оцена за животна средина, се вели во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина.

Потенцираат дека на барање на правниот субјект, дополнително е извршен мониторинг на квалитет на амбиентален воздух за ПМ10 и СО2, подземни и површински води, почва и ниво на бучава емитирана во животната средина на Рударски комплекс Казандол – во фаза на изградба на комплексот. Мерењата се реализирани од страна на акредитирана лабораторија за животна средина Технолаб-Скопје на 6 и 7 септември годинава.

– Од добиените извештаи за сите наведени испитувања, во делот мислења и коментари се вели дека нема надминување на мерените параметри согласно важечките правилници во Република Македонија, освен за почва, а тоа е медиум за кој се уште не постојат закон и правилници. Во тој контекст за овој медиум во мислења и заклучок се вели дека од резултатите добиени од извршените анализи може да се констатира дека нема надминување на граничните вредности согласно холандска и канадска регулатива, освен за pH вредноста на мостра П3 – езеро за рафинат и П4 – резервоар за киселина, се вели во соопштението.

ДИЖС информира дека во периодот што следи ќе го изврши и редовниот надзор кај правниот субјект за постапувањето во фаза на градба и тогаш согласно законските овластувања и обврски ќе ги провери мерките за заштита кои се преземаат од страна Рударскиот комплекс Казандол, согласно одобрените проектни документи од надлежните институции и врз основа на добиени резултати од извршениот мониторинг.

rudnicizivotna sredina

Би можело да ве интересира

Растат цените на бакарот – нов глобален бум во рударството

Предраг Петровиќ27/10/2025 - 10:3027/10/2025 - 12:09

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ27/09/2025 - 09:4827/09/2025 - 09:48

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски20/08/2025 - 14:1620/08/2025 - 14:16

Започна трката во САД кој прв ќе отвори рудник за бакар – Македонија не може да се пофали со раст во рударската индустрија

Катерина Ѓуровски18/07/2025 - 11:54

Италија започна да си ја истражува земјата за минерали, македонските геолози велат дека во тоа лежи енергетската иднина

Предраг Петровиќ08/07/2025 - 10:18

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ08/11/2024 - 07:5008/11/2024 - 08:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен