ОИК-Штип се подготвува за вториот круг на Локалните избори 2017

Од:

До Општинската изборна комисија (ОИК) Штип нема пристигнато приговори од политичките партии и претставниците на независните советнички листи кои учествуваа во првиот круг на локалните избори, изјави денеска на прес-конференција претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева.

Членовите на ОИК веќе работат на подготовки за одржување на вториот изборен круг на локалните избори. Во однос на тоа дали повторно ќе бидат потребни апликации за болните и изнемоштени лица или ќе важат старите апликации за 88-те болни и изнемоштени лица, Андреева вели дека ќе ги чекаат насоките од ДИК.

– На полноќ во сабота истекува крајниот рок, но ако информираат од ДИК дека важат поднесените апликации или да бидеме отворени за нови тогаш ќе направиме повторно прес-конференција и ќе кажаме дали ќе може да аплицираат и оние кои навреме не поднеле барања за да го искористат своето право на глас во своите домови, вели Андреева.

Право на глас во Штип имаат 42.083 граѓани на 80 избирачки места. Ќе се гласа за избор на градоначалник на Општина Штип, а кандидати се Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ и Благој Бочварски од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски