Општина Куманово распиша конкурс за доделување на „Ноемвриската награда“

Од:

Општина Куманово го распиша овогодинешниот конкурс за доделување на номевриската награда. По повод „11 Ноември“ – Денот на ослободување на Куманово, Општината Куманово и оваа година ќе ја додели традиционалната „Ноемвриска награда“, како израз на највисоко општествено признание што се доделува за посебни постигнувања во одделни области.

Според одлуката, Ноемвриската награда се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие дело односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период.

Авторот на делото мора да е жител на Општината Куманово, организацијата или заедницата да е од Општината Куманово, односно делото и постигнувањата да се тематски врзани за Општината Куманово.

Право на предлагање на кандидати за Ноемвриска награда на Општината Куманово имаат претпријатијата, установите, здруженијата, месните заедници, група граѓани и поединци.

„Предлозите за доделување на Ноемвриската награда со образложение во писмена форма да ги доставите до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, најдоцна до 31 октомври оваа година, a по истите ќе одлучува новоформираната комисија за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди, која ќе биде избрана по конституирањето на новиот состав на Советот на Општина Куманово“, стои во соопштението од локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он